Околу 90% од светската популација консумира брашно од оваа земја

196

Турција извезува брашно во 164 земји во светот, што значи дека 90% од светската популација консумира брашно од оваа земја, јавува агенцијата Анадолија.

Турција на годишно ниво, од извоз на брашно, заработува околу една милијарди долари.

Според податоците, оваа земја веќе седум години е најголем извозник на брашно на глобално ниво.

Минатата година во Турција се произведени 19,5 милиони тони пченица, а за оваа година се очекува зголемување на 20 милиони тони.

Фото: Pixabay