ОКТА донираше бесплатен влез за повеќе од 700 деца на Златно славејче

13

Повеќе од 700 деца од социјално загрозени семејства, деца без родители и со посебни потреби од цела Македонија го следеа првиот, хуманитарен ден од 44-от по ред Фестивал на детската песна Златно славејче 2014. И оваа година, покровител на хуманитарната претстава е компанијата ОКТА, којашто повеќе од 15 години по ред е поддржувач на овој настан.

„Златно славејче има воспоставено долга традиција и е дел од сечие детство. Тоа е момент на игра, песна, смеа и неизмерна радост. Токму затоа, сите деца треба да ја имаат подеднакво можноста да бидат дел од овој музичкиот настан. Дадената поддршка во изминатите години и посебно детската реакција на секое фестивалско издание, само нè увери во намерата дека треба да останеме и понатаму пријател на овој фестивал“, изјави Марија Ставрева, менаџер за комуникации и општествена одговорност.

На овој хуманитарен фестивалски ден беа присутни  децата од посебните основни училишта, Иднина и Д-р Златан Сремец од Скопје, Маца Овчарова од  Велес, Св. Климент Охридски од Струмица и Симче Настески од Тетово, како и од Заводите за рехабилитација Топанско поле и Димитар Влахов – за слепи лица – Скопје, Заводите за згрижување Ранка Милановиќ и 25 Мај, децата од СОС Детско село и од Домот за деца без родители 11 Октомври и други.