ОКТА: Финансиски резултати за првата половина на 2016 година

20

okta (1)

Финансиските резултати за првата половина на 2016 година, и покрај понатамошниот пад на меѓународните цени во 2016 година, кои доведоа до помал приход од продажба, остварија рекордно висока профитабилност, како резултат на стабилното темпо на големиот обем на продажба на домашниот и на странскиот пазар, при тоа придонесувајќи кон континуираното зголемување на пазарниот удел.

Прилагодената ЕБИТДА, која ја отсликува оперативната профитабилност на компанијата, го достигна својот зенит изнесувајќи 433 милиони денари за првата половина од 2016 година, наспроти 243 милиони денари за истиот период минатата година. Главните двигатели за ваквите резултати се претходно споменатиот голем обем на продажба во комбинација со подобрувањата во трошоците и ефикасноста. Дополнително, резултатот ќе беше подобар за 37 милиони денари, доколку не постоеше разликата во трендот меѓу домашните малопродажни и меѓународните пазарни цени. Генерирајќи ги овие позитивни резултати, компанијата дополнително ја зацврсти својата позиција покривајќи ги планираните годишни капитални инвестиции, како и исплатата на дивидендата, одобрена од Генералното собрание, поделена во јули 2016 година, стои во соопштението.

okta

Свесна за своето влијание во општеството, ОКТА продолжува да биде присутна во областите каде што помошта е најпотребна. Во првата половина од 2016 година, општествено-одговорните активности на компанијата овозможија поддршка за локалната заедница, за социјално ранливите групи, како и за развојот на идните генерации. Постојано стремејќи се да ги задоволи барањата на своите потрошувачи, ОКТА спроведе програми кои ќе го зголемат задоволството на потрошувачите и ќе ја осигураат вредноста на своите производи и услуги.

Компанијата останува посветена на фер и транспарентната соработка со сите свои партнери, добавувачи и потрошувачи, со цел да осигура редовно и непрекинато снабдување со висококвалитетните горива на локалниот и на соседните пазари, додека продолжува да расте и да придонесува кон општеството.