ОКТА ја продолжува успешната соработка со Централниот депозитар за хартии од вредност

22

okta

Компанијата ОКТА втора година по ред дивидендата на своите акционери ќе им ја исплати преку Централниот депозитар за хартии од вредност. Исплатата на дивидендата е резултат на високата профитабилност постигната во 2016 година и зголемувањето на пазарниот удел на домашниот и на странскиот пазар заедно со оперативните подобрувања во работењето на компанијата.

Посредувањето од Централниот депозитар при исплата на дивидендата, беше првпат иницирано измината година, кога ОКТА донесе одлука за институционална исплата на истата на брз и ефикасен начин, со придобивки за акционерите и за компанијата.

Исплатата на дивиденда ќе биде извршена на трансакциски сметки соодветно информациите што акционерите ги доставиле до Централниот депозитар за хартии од вредност, а кои беа користени за исплата на дивиденда и минатата година. Централниот депозитар за хартии од вредност ќе испрати допис со кој ќе ги повика акционерите кои сè уште немаат ажурни информации потребни за спроведување на процесот на исплата на дивиденда, да достават податоци за трансакциска сметка.

Доколку е потребно ажурирање на веќе доставените податоци, акционерите треба соодветните информации да ги достават во Централниот  Депозитар најдоцна до 21-ви јули 2017 година, стои во соопштението.