ОКТА активно се вклучи во еко-акцијата на општина Илинден Со зеленило против загадувањето. Компанијата донираше садници бреза, коишто беа засадени во паркот во близина на спортската сала Гоце Делчев и детската градинка во населбата Илинден. Во акцијата за зазеленување учествуваше менаџерскиот тим и дел од вработените во компанијата. Со оваа активност, ОКТА како општествено одговорна компанија, уште еднаш ги потврди заложбите за почиста и поздрава животна средина.
Секое засадено дрво е важно и придонесува во благородната мисија за создавање почиста животна средина за сегашните и за идните генерации. Токму затоа ОКТА се приклучи и го поддржа проектот за зазеленување на општина Илинден. Компанијата останува искрен пријател на локалната заедница со поддршка на активности во образованието, културата, екологијата коишто значително ќе помогнат во создавањето подобри услови за живот на граѓаните од оваа општина.
Во акцијата исто така учествуваа ученици, вработени во јавните претпријатија и во општина Илинден, како и жители на населбата. Во рамките на овој проект за зазеленување на општина Илинден се опфатени 26 локации на површина од 80.000 метри квадратни.