Октомври во знакот на криптовалутите

63

Криптовалутите го одбележаа октомври, а биткоинот допре нови рекорди.Најпопуларната криптовалута влезе во месецот на нивоа под 44.000 долари, а синоќа вредеше 61.000 долари. Во првиот ден од ноември биткоинот се тргува по цена од 62.208 долари.

Крипто-пазарот со нетрпение очекува нови рекорди, најмногу поради почетокот на котирањето на ETF фондот ProShares Bitcoin Strategy (кој тргува со фјучерси на биткоин) на најголемата светска берза во Њујорк (NYSE).

Втората по големина криптовалута, етер, исто така доживеа висок (речиси 50%) раст во октомври, достигнувајќи рекордни 4.455 долари во петокот.