ОНЕ лансира 4G LTE

37

4g

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ денеска ја лансираше својата 4G LTE мрежа со понуда од три нови тарифни модели.

ОНЕ од денеска ги нуди: Mobile Net 4G S, Mobile Net 4G M и Mobile Net 4G L, кои се достапни за нови активации и обнови во мобилниот постпејд резидентен и бизнис сегмент на 24 месеци.

За да можат корисниците да користат некој од новите тарифни модели задолжително треба да поседуваат uSIM картичка, но и 4G USB модем.

Со Mobile Net 4G S, за месечна претплата од 599 денари, корисниците добиваат вклучени 10GB супер брз 4G интернет. Со Mobile Net 4G M, за месечна претплата од 999 денари, корисниците добиваат вклучени 20GB супер брз 4G интернет, а со Mobile Net 4G L, за месечна претплата од 1,599 денари, корисниците добиваат вклучени 40GB супер брз 4G интернет.

Со овие тарифни модели се добива и бесплатен 4G USB модем (stick).

4G LTE е четврта генерација на безжична мобилна технологија која овозможува големи брзини при трансфер на податоци и мултимедијални содржини преку мобилна мрежа, а истата функционира на комплетно нова телекомуникациска инфраструктура.