ОНЕ повторно најдобра компанија на социјалните медиуми во Македонија според Socialbaker

46

one-logo

Петти пат по ред ОНЕ ја добива наградата за социјално посветена компанија од светски најпознатиот сервис за Facebook аналитика, Socialbakers. Наградата на ОНЕ се доделува за исклучителен перформанс во делот комуникација со корисници на Facebook фан страницата на компанијата (www.facebook.com/ONE.mk).

ОНЕ за вториот квартал од 2014 година во рекордно време одговорил на 90% од сите поставени прашања, коментари и објави на Facebook.

Првата награда за социјално посветена компанија од Socialbakers, ОНЕ ја доби уште во 2012 година како прва и едниствена компанија од Македонија која добила награда од светски најпознатиот сервис за Facebook аналитика.

Оваа година и други компании од Македонија успеаја да станат Socially Devoted Company што само покажува колку оваа метрика е неопходен стандард во корпоративната комуникација на компаниите на социјалните медиуми, но ниедна со олку висок процент како ОНЕ.

Профилите на ОНЕ и Џабест имаат најголем број следбеници односно 238.000, што е дополнителен мотив за компанијата да ја продолжи комуникацијата со своите фанови според највисоките стандарди на социјалните медиуми.