ОНЕ за пензионерите: Фиксна линија и телевизија со најниска месечна претплата и бесплатен телефон

42

Penz1

За опуштени пензионерски денови, телекомуникацискиот оператор ОНЕ го нуди најдобриот пакет со фиксна линија и телевизија за најниска месечна претплата на пазарот од само 348 денари месечно.

Со фиксната линија на ОНЕ пензионерите во Македонија добиваат: поволни цени за разговор, иста цена за локални и национални разговори, но и бесплатен фиксен безжичен уред Panasonic KX-TG1611, лесен за инсталација, а без надоместок за приклучок.

Mini Boom TV на ОНЕ е наједноставно решение за пензионерите да ги следат, со кристално јасна слика и звук, сите национални и балкански телевизиски канали: Сител, Канал 5, Алсат М, Телма, Алфа, МТВ 1, МТВ 2, МТВ 3, Наша ТВ, Сител 3, Канал 5+, DM Sat, RTS, RTV 21, Jugoton и KlasikTV, но и сите македонски регионални канали, достапни во зависност од регионот. Boom TV уредот е лесен и брз за инсталација, а истиот е и лесно пренослив, па така пензионерите можат да го користат секаде, каде и да патуваат низ Македонија.

“Телекомуникацискиот оператор ОНЕ беше првиот кој воведе олеснета процедура за склучување договор за сите пензионери во Македонија. Кај нас пензионерите можат да склучат договор на 24 месеци само со пензиски чек и документ за лична идентификација. Понудите кои ги креираме за нив се најконкурентни и исклучително поволни и не го оптоваруваат скромниот пензионерски буџет. Ние во ОНЕ веруваме дека пензионерите го заслужуваат тоа”, изјави Виктор Доневски, главен маркетинг директор.

Во своето производно портфолио ОНЕ нуди и мобилна телефонија за пензионери за само 279 денари месечно.