Онлајн плаќање на радиодифузна такса

23

ujp

Радиодифузната такса може да се плаќа електронски преку услугата на Управата за јавни приходи, е-Радиодифузна такса.

Користејќи ги овие електронски услуги може да се врши електронско плаќање и проверка на состојбата за радиодифузна такса, од било кое место и во било кое време.

Регистрацијата е едноставна и бесплатна, а единствено што е потребно е пристап до интернет и електронска пошта. Електронското плаќање на радидифузна такса за физичките лица е овозможено со Visa, Maestro и MasterCard безготовинската картичка, без разлика дали е кредитна или дебитна, издадена од домашна банка.