Онлајн продажбата го “спаси“ Lego

21

Данскиот производител на играчки, Lego во првата половина од годината регистрираше зголемени приходи благодарение на поголемата побарувачка од интернет. На овој начин се компензираат евентуалните празнини што би ги имало поради карантинот и затворањето на продавниците како мерка за спречување на ширење на заразата.

Lego во првите шест месеци од оваа година оствари приходи од 2,5 милијарди долари, што е за 7% повеќе во однос на истиот период лани.

Компанијата, чии коцки се меѓу најомилените играчки на децата од целиот свет, наведува дека приходите од продажба бележат пораст на пазарите во западна Европа, Северна Америка, азиско – пацифичкиот регион и Кина.

Од јануари до јуни, во интернет продавницата на Lego “влегле“ над 100 милиони посетители, што е двојно повеќе од истиот период лани.

Lego за оваа година најавува отворање на околу 120 нови продавници, од кои 80 би биле во Кина. Во првата половина од годината биле отворени 46 нови продавници, од кои најголемиот дел или 30 биле во Кина.

Фото: Facebook