ОПЕК ги отфрли апелите на Г7 за дополнително зголемување на производството на нафта

60

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници се согласија да се држат до претходно одобрените зголемувања на производството на нафта за јули и август, но се воздржаа од какви било разговори за политиката на производство од септември.

Тоа значи дека производството, според одлуката на состанокот одржан на 2 јуни, ќе биде зголемено во јули и август за 648 илјади барели дневно, во однос на првичниот план кога беа предвидени месечни зголемувања од 432 илјади барели дневно.

Состанокот на групата се случи неколку дена пред патувањето на американскиот претседател Џо Бајден на Блискиот Исток, за време на кое тој ќе ја посети и Саудиска Арабија, каде што се очекува да се обиде да изврши притисок врз кралството да го зголеми транспортот.

Цените на нафтата се искачија на највисокото ниво од 2008 година набргу откако Соединетите Американски Држави (САД) и Европа воведоа санкции кон Русија поради нападот врз Украина во февруари, но оттогаш се намалија.