
ОПЕК (Организација на земјите извознички на нафта) ја намали својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта во вториот квартал од 2026 година за 500.000 барели дневно, укажувајќи на последиците од актуелните настани на Блискиот Исток.
Според најновиот извештај, се очекува светската побарувачка во тој период да изнесува 105,07 милиони барели дневно, што е помалку од претходната проценка од 105,57 милиони. Корекцијата надолу ги вклучува и земјите од ОЕЦД и оние надвор од таа група, а причината е привремено забавување на растот на побарувачката.
ОПЕК вели дека негативниот тренд би можел да се компензира во втората половина од годината.
Во исто време, цените на нафтата забележаа раст – просечната цена на кошничката на ОПЕК во март изнесуваше 116,36 долари за барел, додека одредени видови, како што е иранската тешка нафта, достигнаа над 124 долари.











