OPEK ја зголеми проценката за побарувачка на нафта во годинава

17

Организацијата на земји извознички на нафта (ОРЕК) ги зголеми прогнозите за раст на побарувачката за нафта за оваа година, при што значајно зголемување се очекува за втората половина од годината поради продолженото влијание на пандемијата.

Во месечниот извештај на ОРЕК се наведува дека побарувачката ќе се зголеми за 5,89 милиони барели дневно или за 6,5%, што е незначително повеќе во однос на претходната прогноза.

Но нафтениот картел ги намали проекциите за побарувачка на нафта за првите шест месеци за 2021 година, пренесува CNBC.

Фото: Pexels