ОПЕК ќе размисли за намалување на производството на нафта

ОПЕК Плус ќе ја разгледа можноста за намалување на производството на нафта за повеќе од милион барели дневно на состанокот на 5 октомври, соопштија  извори од нафтениот картел.

Оваа бројка е поголема од проценката дадена минатата недела, кога се движеше од 500.000 до 1 милион барели дневно.

ОПЕК плус се состои од членки на нафтениот картел и земји кои исто така извезуваат нафта, но не се дел од ОПЕК.