ОПЕК очекува стабилен раст на светската побарувачка за нафта во 2023 и 2024 година

11

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во вторникот потврди дека очекува стабилен раст на светската побарувачка за нафта во тековната и следната година, нагласувајќи го закрепнувањето на туризмот и воздушниот сообраќај.

Според прогнозата на ОПЕК, светската побарувачка за нафта оваа година треба да се зголеми за 2,44 милиони барели дневно, додека нејзиниот раст во следната година треба да биде 2,25 милиони барели дневно. Новата прогноза на ОПЕК остана непроменета од претходната од август, пренесува Seebiz.

Двигател на глобалната побарувачка за нафта ќе биде континуираниот раст на светската економија, а особено закрепнувањето на туризмот. Ова ги вклучува воздушните патувања и стабилната мобилност, се вели во месечниот извештај на ОПЕК. Вкупната побарувачка оваа година треба да ги надмине нивоата пред пандемијата.

Светската економија се очекува да порасне за 2,7 проценти оваа година, а за 2,6 проценти во 2024 година, благодарение на отпорноста во првата половина од годината и стабилниот тренд на раст што продолжи во третиот квартал.

Азиските економии во развој, особено Индија и Русија, но и Бразил, би можеле да изненадат со посилни стапки на раст од очекуваното, а американската економија исто така би можела да ги надмине очекувањата доколку ја задржи сегашната стапка на раст.