ОПМ: 10 начини како да бидете безбедни онлајн како потрошувачи

101

internet-bezbednost-pixabay

По повод 15-ти март, Светскиот ден за заштита на правата на потрошувачите, Светската организација на потрошувачите (Consumers International) со своите членки (меѓу кои и Организацијата на потрошувачи на Македонија) започна кампања Градење на дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат, којшто има за цел да ја подигне свеста за безбедноста при купувањето на стоки и услуги преку интернет, заштитата на личните податоци и безбедното користење на новата технологија.

Од ОПМ ги повикуваат потрошувачите да го погледнат промотивното видео и да ги проверат знаењата за потрошувачките права во дигиталната сфера преку овој квиз.

Еве неколку едноставни работи коишто може да се направат за да се заштитат личните податоци онлајн:

Користете различни и оригинални лозинки. Од огромна важност е да се има различен пин или лозинка за секое корисничко име, па кога едно корисничко име ќе биде хакирано, останатите да можат да останат заштитени. Најважната лозинка којашто треба редовно да се менува е онаа на е-поштата, бидејќи таа може да се користи за промена на лозинките на останатите кориснички имиња. Ако се сомневате дека сте жртва на хакнување (често не сме свесни за истото), сменете ја лозинката веднаш и сменете ги сите останати исти лозинки кои ги имате. Избегнувајте користење на очигледни лозинки, како вашето место на раѓање или името на вашето дете бидејќи овие податоци е лесно да се дознаат. Наместо тоа, користете комплицирани зборови или фрази кои содржат големи букви, бројки и интерпункциски знаци за дополнителна сигурност. Размислете за користење на сервис за лозинки кој ќе ги заштити сите ваши лозинки со тоа што ќе треба да запомните само една.

Искористете ги алатките за безбедност. Повеќето од компаниите им пружаат огромен спектар на опции на потрошувачите во однос на безбедносните алатки, како алатки за безбедност и лозинки. Секогаш треба да имате лозинка на вашиот смартфон – зачудувачки е бројот на луѓе кои немаат – без него сите ваши апликации, карти, календари, контакти, информации околу плаќањата и огромен број на лични податоци стануваат достапни за читање. Одвојте време за да ги прочитате алатките за приватност и наместете ги според вашата склоност и не се срамете да побарате помош ако наидете на проблем правејќи го истото.

Бидете претпазливи што споделувате на социјалните мрежи. Одвојте време да ги прочитате алатките за приватност и избегнете споделување на лични информации кои би направиле целосна слика за вас, како вашата адреса, работно место, планови за одмор и имиња на блиски членови од семејството.

Внимавајте на Wi – Fi. Бесплатното јавно Wi – Fi е многу погодно, но безбедноста може да биде проблем кога споделувате мрежа со голем број на луѓе. Користете https доколку сте на Wi – Fi мрежа кога се вклучувате на вашата е-пошта, социјални мрежи и останати лични кориснички адреси. Доколку сте во вашиот дом, секогаш имајте лозинка за влез во вашата мрежа.

Не дозволувајте да бидете измамени од лажни е-пошти или СМС и останати пораки. Лесно е да бидете поведени од писмо на е-пошта кое тврди дека ви следуваат пари како наградата или одамна изгубен дел од наследство, но внимавајте. Не верувајте на понуди или награди кои звучат премногу добро за да бидат вистинити бидејќи најверојатно и се. Ако добиеме писмо на е-пошта кое вели дека ви следува огромна сума на пари и мора да обезбедите детали од вашата банкарска сметка за да ги добиете – внимавајте. Ова е лесен начин за хакери да ги добијат вашите банкарски информации и да извршат измама. Ако добиете писмо на е-пошта од вашата банка или компанија во која се бараат вашите информации, проследите го истиот до нивната служба за е-пошта за да се осигурете дека е ова тврдење вистинито пред да дадете било какви информации.

Избегнувајте отворање на прилози кон е-пошта или необични линкови. Вирусите најчесто се праќаат преку прилози во е-пошта или линкови. Вирусите можат да му наштетат на вашиот уред и да си обезбедат влез до вашите лични податоци. Доколку не го препознавате испраќачот или не знаете што е приклучокот кон е-поштат, не го отворајте. Истото важи дури и за линкови од вашите пријатели. Ако ви било испратено нешто што ви изгледа малку чудно, а корисничко име e на ваш пријател секогаш прашајте ги за истото пред да го отворите бидејќи е многу возможно нивната е-пошта да била хакирана.

Користете привремена е-пошта. Кога да се приклучите на некоја веб-страница често од вас се бара да снабдите е-пошта и контакт информации дури и ако само еднаш ги користите неговите услуги. Доколку сакате да избегнете добивање на е-писма за маркетинг и продажба, можете да користите привремена е-пошта. Ова ви пружа доволно време да се приклучите и да ги добиете бараните податоци. Е-поштата. потоа автоматски се уништува без да ги зачува вашите лични податоци. Користењето на привремени е-пошти нуди безбеден начин на приклучување кон веб-страници без да го оддадете вашата вистинска е-пошта. Има многу веб-страници кои ја нудат оваа услуга, само пребарајте го терминот temporary email addresses за да ги откриете нивните можности.

Бидете сигурни дека вашите плаќања се безбедни. Кога вршите плаќање онлајн, барајте веб адреси кои започнуваат со https://, не само http, буквата S (на латиница) означува сигурност. Ова значи дека податоците се дешифрирани додека патуваат помеѓу веб-страницата и вашиот компјутер. Исто така, треба да има икона во форма на зелен катанец на левата или десната страна покрај името на веб адресата кој укажува на тоа дека веб-страницата е безбедна. Полезно е да си создадете навика редовно да ги проверувате вашите сметки и извештаи од банка по извршување на секоја уплата за да се осигурете дека вистинската сума била депонирана и дека при правењето на трансакцијата немало никаква измама.

Редовно правете обновување на софтверот. Вклучувањето на автоматски обновувања на вашиот оперативен систем и софтвер е лесен начин да бидете сигурни дека ја имате најдобрата достапна заштита така што секое обновување нуди дополнителна безбедност автоматски. Доколку имате стар софтвер на истиот ќе му недостасуваат најновите заштити, затоа вклучете ги автоматските обновувања на сите ваши уреди.

Инсталирајте ги и обновете заштитните ѕидови (firewalls), антивирусот и софтверот против шпионирање. Важно е да се има ова подесување на сите ваши уреди бидејќи заштитните ѕидови спречуваат неовластени лица да го хакираат вашиот компјутер, софтверот против шпионирање го штити вашиот компјутер од вируси и шпионирачки програми да имаат увид во вашите лозинки, кориснички адреси и лични податоци. Без ова вашите уреди се подложни на огромен ризик да бидат хакирани.