Општина Гостивар донира 10.000 долари во Фонд на УСАИД за поддршка на жени и млади претприемачи

43

Vertical_RGB_600-580x500

Денес Општина Гостивар потпиша меморандум за соработка со фондацијата Егалите со која ќе донира 10.000 долари на Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи во Полог. Фондот беше основан од УСАИД во 2014 за да обезбеди капитал за започнување и проширување на бизниси предводени од жени и млади, овозможувајќи им да ги зголемат производствените капацитети, да создадат нови работни места и да ја подобрат економијата во полошкиот регион.

„Малите и новите бизниси често се соочуваат со бројни препреки во процесот на обезбедување финансии. Овие препреки често се побројни за жените претприемачи. Со овој фонд ние работиме на отстранување на овие препреки“, изјави Џес Бејли, амбасадорот на САД во Македонија.

Со донацијата на Општина Гостивар, средствата во Фондот ќе изнесува 141.000 долари. Во 2014 и 2015 година преку Фондот беше помогнато проширувањето на 20 мали бизниси предводени од жени и млади претприемачи со доделување на наменски грантови. Вкупниот изност на исплатените грантови до сега изнесува 55.000 долари. Како резултат, поддржаните бизниси отворија нови 43 директни и 39 индиректни работни места и ги зголемија нивните примања за околу 40%. Освен општина Гостивар, во Фондот имаат инвестирано општините Боговиње, Брвеница и Тетово и компаниите Еколог, Фриготехника, Ас Мобеланд, Универзал Аутопартс.

За да се обезбеди долгорочноста на Фондот и еднакви можности за жените и младите претприемачи, УСАИД и Општина Гостивар ги охрабруваат сите бизниси и државни институции да инвестираат во него.