Денеска, сабота, 28.11.2015, во 10:30 минути, во МЗ 11 Октомври – бараки (последна автобуска станица на линијата 4), Општина Кисела Вода заедно со друштвото за управување со отпад Нула Отпад отпочнува голема еколошка акција за собирање на електронски и електричен отпад (стари и неупотребливи мали и големи електрични апарати, компјутери и компјутерска опрема, телевизори, видео рекордери, музички системи, електричен алат…), која до крајот на годината ќе се спроведува во сите урбани и месни заедници на територија на оваа општина.
Граѓаните од урбаните заедници 11 Октомври-бараки, 11 Октомври-ЗГРАДИ и Цветан Димов, оваа сабота ќе можат да го донесат стариот уред, кој ќе биде превземен од страна на Нула Отпад, ќе биде соодветно селектиран и на крај рециклиран.
За граѓаните кои ќе се вклучат во оваа акција ќе бидат обезбедени вредносни ваучери од Техномаркет.
Во текот на наредните денови, согласно предвидениот распоред, акцијата ќе се спроведе и во другите урбани и месни заедници.