Оранжериските производители бараат укинување на надоместот за користење геотермални води

21

Да се укине надоместот за користење геотермални води (седум денари за метар кубен) и обврските за нивно реинјектирање назад, во изворот, откако ќе бидат употребени за загревање, бараат оранжериските производители, бараат оранжериските производители, пишува Миа.

Остануваат и барањата за зголемување на субвенциите, решавање на проблемот со сопственоста на земјиштето, како и интервенирање за мазутот преку стоковните резерви бидејќи цената на овој енергенс изминативе години се зголеми преку 200%.

“Цената на геотермалните води кои се користат за загревање на стаклениците не треба да се пресметува како онаа на мазутот, а треба да се одвои и од цената на геотермалните води во лекувалиштата (бањите), туристичките и комуналните објекти“, истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.

Според него, субвенциите за оранжериското производство не се зголемени пропорционално со поддршката за другите земјоделски гранки, додека нерешениот статус на објектите и сопственоста на земјиштето не дозволува користење кредити, средства од домашни или странски фондови за осовременување и модернизирање.