Orca Helix – тоалетна шолја на иднината

44

Фото: Kickstarter

Иван Гочко, по потекло од Украина, кој од 11 години живее во Канада, стои зад изум што би можел да им го подобри животот на многумина.

Станува збор за Orca Helix, иновативна тоалетна шолја, чија висина може да се поместува, согласно потребите на корисниците. Тие на располагање ќе имаат и апликација, преку којашто ќе можат да ги контролираат хигиенските карактеристики на шолјата, преку мобилен телефон.

Заедно со иновативната тоалетна шолја доаѓа и патентирана технологија за пуштање вода под името Maelstrom flush, којашто ќе користи значително помалку вода од традиционалниот тоалет.

Капакот на шолјата самостојно ќе може да се чисти и дезинфицира со помош на УВ светлина.

Orca Helix во овој момент има кампања на глобалната кампања за групно финансирање, Kickstarter, од каде бара 22.388 долари финансиска поддршка.