Фото: Facebook
Американската компанија Mondelez го организира натпреварот #MyOreoCreation на којшто задача на учесниците е да создадат сосема нови вкусови на производите Oreo (колачиња, бонбони, крекери и мешавина за палачинки).
Досега се пристигнати интересни и креативни идеи за вкусови, како што се: солена карамела, пуканки, цреша и Coca Cola, морков, авокадо…
Победникот на овој натпревар, којшто ќе трае до 14-ти јули, ќе добие награда од 500.000 долари, а неговата идеја ќе биде претворена во масовно производство, пишува Creativity Online.