Oreo со вкус на пуканки, морков, авокадо…

24

oreo-facebook

Фото: Facebook

Американската компанија Mondelez го организира натпреварот #MyOreoCreation на којшто задача на учесниците е да создадат сосема нови вкусови на производите Oreo (колачиња, бонбони, крекери и мешавина за палачинки).

Досега се пристигнати интересни и креативни идеи за вкусови, како што се: солена карамела, пуканки, цреша и Coca Cola, морков, авокадо…

Победникот на овој натпревар, којшто ќе трае до 14-ти јули, ќе добие награда од 500.000 долари, а неговата идеја ќе биде претворена во масовно производство, пишува Creativity Online.