Компанијата Eton Digital од Нови Сад ја разви првата социјална мрежа на органска храна во Србија. Станува збор за OrganicNet, мрежа којашто на производителите и потрошувачите им овозможува да имаат директна комуникација и сами да постават услови за соработка, без посредници.
Овој вид на продажба, според Aurea, е значително поедноставна и поефикасна. Предност за производителите е полесниот и побрзиот пристап на пазарот и можноста да пронајдат и да комуницираат со повеќе потенцијални купувачи. На тој начин ја промовираат својата фарма или бизнис. Исто така, мрежата им овозможува лесно да споделуваат знаења, совети и искуства.
За купувачите, OrganicNet значи полесно пронаоѓање на органска храна, обезбедувајќи директно од производителите. Со тоа, не плаќаат маржа, па купувањето е значително поевтино. Виртуелните продавници се оценуваат и може да се остават коментари. Овие оцени се видливи на профилите на производителите, кои на овој начин ја градат својата репутација.