“Органски“ облакодер со фасада од отпад ќе се гради во Лондон

39

organski oblakoder

Француското архитектонско студио Chartier – Corbasson во соработка со британското студио VS го претстави планот за изградба на облакодер, што во својот состав ќе има отпад што ќе го направат неговите станари.

Овој “органски“ облакодер, што ќе се гради во Лондон, целосно ќе биде обложен со плочи од рециклирана хартија и пластичен отпад. Облакодерот би требало да се зголемува, во зависност од тоа колку отпад ќе имаат станарите, а архитектите очекуваат фасадата во целост да биде готова за една година.

organski obl

Изградбата на ваков облакодер е со цел да се намали отпадот и да се намалат трошоците за изградба на објектите. Иницијалниот скелет на зградата ќе биде направен од цевки што потсетуваат на бамбус, а во кои подоцна ќе се вградуваат рециклираните елементи. Монтажното скеле ќе расте заедно со облакодерот и на тој начин ќе се обезбеди органски раст на зградата во рамки со побарувачката за станбен простор. На покривот на облакодерот ќе биде поставен погон за рециклажа, додека на приземјето ќе има двор за собирање на различни материјали, како што се стакло, пластика и хартија.

Кога ќе биде целосно завршен, облакодерот ќе изгледа како тесна и висока пирамида исполнета на панели од рециклирано стакло и пластика за да може да се обезбеди доволно светлина во просторот. Цевките што се структурен дел на фасадата ќе имаат вградено мини ветерни електрани за да може облакодерот, освен рециклирање на отпадот на станарите, да произведува и доволно енергија за напојување на лифтовите и осветлувањето во објектот.

organski