
Во овој период од годината кога целиот свет е во исчекување на празниците, брендовите се обидуваат да привлечат повеќе потрошувачи ставајќи го лицето на Дедо Мраз на своите производи. Новогодишниот и божиќниот дизајн на амбалажата можеби е клучот за тоа, затоа што луѓето најчесто за квалитетот судат токму по тоа како е спакуван производот. Еве неколку примери како со употреба на оваа стратегија, преку необични решенија за илустрации, бои, форми и материјали, може да се зголеми продажбата и да и се “побегне” на конкуренцијата.