Оштетена батерија на електрично возило – голема опасност од пожар

31

Пожарите во електричните возила се опасност за спасувачите кои наидуваат во помош по сообраќајна несреќа, а насоките за постапување со такви возила во такви прилики се несоодветни, сметаат американски експерти.

Наведуваат дека постои и празнина во индсутриските безбедносни стандарди и истражување на пожари со високонапонски литиум – јонски батерии, посебно во големи и тешки сообраќајки, смета Националниот одбор на САД за безбеден транспорт.

Станува збор за советодавно тело што ги повикува производителите да дадат посебни мерки за секој модел на возило за гаснење на пожар на батериите и ограничување на опасност од хемикалии во нив, бидејќи можат да бидат привидно изгнаснати, но да продолжат сами да се прегреваат и да предизвикаат избивање на нов пожар во возилото. Одборот смета дека треба да се пропишат и насоки за безбедно складирање на возила со оштетени батерии.

Производителите на автомобили постојано претставуваат нови модели на електрични возила, што се смета за голема пресвртница поради преминот од мотори со внатрешно согорување на електрични коишто се многу поеколошки при употреба.

Експертите бараат и пожарникарите и шлеп службите да ги информираат своите вработени околу ризикот од пожар и на што да внимаваат кога се во близина на оштетено електрично возило.

Ризикот од електричен удар и повторно палење и пожар на батериите произлегува од “заробената“ енергија што се наоѓа во батеријата иако е оштетеа во судир.

Се верува дека еден од начините за решавање на проблемот со оштетените батерии е нивно вадење од возилото и натопување во солена вода за да се испразни енергијата.

Фото: Freepik