Осигурување Македонија Виена Иншуренс Груп ќе им исплаќа дивиденда на акционерите

24

osiguruvanje makedonija

 

Осигурување Македонија Виена Иншуренс Груп донесе одлука за распоредување на добивката за 2015 година.

“Добивката во износ од 239.907.978 денари ќе се распореди на следниот начин: резерви за сигурност од 79.969.326 денари, за дивиденда – 145.337.324 денари и 14.601.328 денари за инвестиции“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Компанијата, како што стои во одлуката, има нераспределена нето добивка од 2014 година во износ од 40.678.836 денари, којашто се распоредува: на дивиденда 23.291.998 денари и 17.386.838 денари нераспоредена добивка.

Нераспоредената нето добивка од 2013 година во износ од 23.089.607 денари ќе се распореди на дивиденда 20.780.646 денари и данок на добивка од 2.308.961 денари.

“Дивидендата во вкупен износ од 189.409.968 денари, утврдена со одлука донесена на Годишното собрание за деловната 2015 година, ќе се распредели согласно дивидендниот календар“, стои во одлуката за утврдување на дивиденден календар.

Датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда ќе биде 26.05.2016 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда ќе биде 20.05.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда ќе биде 23.05.2016 година.

Дивидендата, според одлуката, ќе се исплати заклучно со 30.09.2016 година.