Осигурување на картички – нова услуга на Охридска банка

56

ohridska banka

Охридска банка лансира нова карактеристика достапна за платежните картички: осигурување на картички (Ин-Кардс). Ова претставува уникатна понуда на македонскиот пазар.

Платежните картички од Охридска банка се осигурани почнувајќи од први февруари 2015 година со директен бенефит за сите картички вклучително и за веќе издадените. Сите МастерКард картички (освен Маестро) и ВИЗА платежни картички  – дебитни, кредитни, бизнис – се покриени со неколку осигурителни услуги. Осигурувањето е бесплатно за имателите на картичките.

Оваа нова карактеристика, инкорпорирана во картичките на Охридска банка вклучува сеопфатна листа на неживотно осигурување. Предностите се сегментирани во зависност од типот на картичката. Осигурителното покритие започнува од базична медицинска помош и помош при патување за дебитни и кредитни картички и се проширува на осигурување во случај на задоцнување на багаж, смрт како резултат на несреќа и траен инвалидитет за бизнис и голд картичките.

Ова е уникатна понуда на пазарот воведена за првпат од Охридска банка и истата вклучува бројни предности. Клиентите имаат директна придобивка при патување преку добивање: Осигурување што е валидно веднаш, без потреба од апликација, без дополнителни трошоци во случај на неочекувани настани; Финансиска безбедност за имателот на картичката и неговото семејството во случај на несреќен настан; Светска покриеност за неограничен број на патувања во странство; Компатибилно решение во однос на патничкото осигурување обезбедено од страна на клиентот за патување во странство.

После кредитното животно осигурување воведено пред две години на пазарот, Ин-Кардс е вториот производ за осигурување воведен од страна на Охридска банка.