Основачот на Твитер има големи планови во сегментот за рударење на биткоин

79

Рударењето е комплициран процес, обично скап и исплатлив само ако имате релативно евтина електрична енергија и продавате заработени биткоини кога тие се со разумна цена.

Но, Џек Дорси, претприемач познат како ко-основач и прв човек на Твитер, објавува дека ќе се обиде да го поедностави целиот процес и да го приближи до “обичниот човек“.

Тој на својата социјална мрежа објави дека неговата компанија Сквер, која инаку се занимава со дигитални плаќања, ќе инвестира во развој на систем за биткоин рударство со отворен код, така што поединци и компании ќе можат да го преземат и да го прилагодат според нивните потреби.

Главната цел на овој проект ќе биде рударењето на биткоин да биде децентрализирано отколку што е сега, подостапно и поефикасно. Распределбата на рударството на уште повеќе корисници ќе ја направи биткоин мрежата побезбедна, побрза и поотпорна на манипулации, додека ефикасноста во областа на потрошувачката на енергија ќе значи дека овој процес ќе биде поисплатлив.

Според Дорси, рударењето треба да биде достапно за скоро сите и едноставно – така што купената платформа допрва треба да се вклучи во струја. Во моментов, вели тој, нема доволно поттик за поединци да започнат со рударење, бидејќи работата е премногу сложена за нив. Токму поради овие причини, тимот на „Сквер“ ќе работи на развој на нов хардвер што треба дополнително да го демократизира и прошири веќе распределениот рударски систем.