Основачот на Twitter донира милијарда долари за борба против коронавирусот

45

Основачот на Twitter, Џек Дорси најави дека ќе донира една милијарда долари за борба против пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Дорси, кој е сопственик и на компанијата за дигитално плаќање, Square, најави дека неговиот удел во оваа компанија, во вредност од милијарда долари или околу 28% од неговото вкупно богатство, ќе го донира на фонд за справување со Ковид-19.

“Откако ќе ја неутрализираме оваа пандемија, парите ќе ги пренасочиме кон заштита на женското здравје и едукација, како и за универзален доход“, напиша Дорси на својот Twitter профил.

Неговото богатство се проценува на 3,3 милијарди долари.

Меѓу богаташите што одвојуваат голем износ за финансирање на активности за борба против пандемијата се и Бил Гејтс (100 милиони долари), Џеф Безос (100 милиони долари) и Марк Цукерберг (25 милиони долари).

Фото: Facebook