Основачот на Zoom поради пандемијата стана еден од најбогатите луѓе во 2020

48

Основачот и директор на Zoom, Ерик Јуан стана милијардер пред да биде прогласена пандемијата на коронавирусот, а сега е еден од стоте најбогати луѓе во светот, пренесе CNBC.

Zoom е основана во 2011 година и до јуни, 2014 имаше 10 милиони корисници.

Во март, 2019 година Zoom излезе на берза и ги импресионираше инвеститорите со комбинацијата од брз раст и профитабилност. Акциите на 28 април 2019 година се зголемија за 72 %, а Јуан стана милијардер.

За време на пандемијата, тој стана еден од стоте најмоќни луѓе во светот. Неговите акции вредат скоро 17 милијарди долари.

Скоро година дена по појавата на коронавирусот, луѓето сè почесто работат од дома и се служат со видео повици, а Zoom стана неопходен.

Фото: Facebook