Особини на идеален кандидат за работа

96

Главниот извршен директор на Apple открива какви особини треба да имаат луѓето кои може да работат во таа компанија. При изборот на работници во фокус се оние кои не прифаќаат статус кво и оние кои не се задоволни со ситуацијата каква што е. Во кратки црти тој бара луѓе кои “размислуваат поинаку“, како што гласи и познатата мантра на Apple.

Во продолжение прашањата што можете да си го поставите за да видите дали имате квалитети кои ги фаворизираат Тим ​​Кук и најверојатно директорите на големите и успешни компании.

Дали сакате да го обликувате светот?

Прво, размислете дали сте задоволни од состојбата или имате немирен ум кој сака да го промени и обликува светот околу вас. Знаете дека го имате овој квалитет ако видите работи што можат да ја подобрат ситуацијата и ако имате храброст да преземете нешто. Ако системот може да се подобри, процесот да се смени ,а кариерата да напредува, не замолчувајте.
Кога Кук ја прифатил позицијата во Apple, тој рече дека тоа е затоа што “видел со какви проблеми се соочува компанијата и одлучил дека може да даде свој придонес“. Неговата задача беше да го подобри производството и дистрибуцијата на Apple и успеа во тоа.

Дали ќе ризикувате?

Друга карактеристика на одбивањето да се прифати статус квото е подготвеноста да се ризикува. Треба да бидете подготвени да се откажете од зоната на удобност. Треба да бидете подготвени да одите спротивно на популарните верувања и начини на постапување.

Одлучноста на Кук да ги реши проблемите на Apple претставуваше голем ризик за кариерата. Кога Стив Џобс му понуди работа во 1998 година, Apple беше во голема неволја. Само една година порано, „Мајкрософт“ вложи 150 милиони долари за да го одржи Apple во живот. Откако ја прифати оваа понуда, од околината му беше кажано на Кук дека треба да си остане во компанијата каде што беше млад директор со сигурна кариера. “Еден извршен директор што го консултирав ми рече дека би бил будала ако одам од Compaq во Епл“, рече тој.

Дали верувате во иднината?

Трето нешто што ќе ви биде потребно за да го отфрлите статус квото е да имате верба во непознатата иднина.

Кога еден шестоодделенец го запраша Кук како станал извршен директор на Apple, тој објасни дека во тоа време немал никаква идеја каква ќе биде неговата иднина. “Никогаш не сонував дека ќе бидам извршен директор на Apple. Никогаш не размислував дека тоа е возможно. Мојот животен повик го добив на почетокот на 1998 година кога Стив Џобс ми понуди работа. Но, јас секогаш верував во она што претседателот Линколн еднаш го кажал: “Јас ќе се подготвам и еден ден мојата шанса ќе дојде“.

Дали го слушате вашиот “стомак“?

Конечно, неприфаќањето на статус квото бара храброст. Кук вели дека тоа му помогнало да ја прифати понуда за работа во Apple.

Ако длабоко во себе чувствувате дека можете да понудите многу повеќе на некоја друга позиција, компанија или кариера, насочете се таму. Доколку чувствувате дека можете да ги промените работите во компанијата во која моментално работите, направете го тоа. Бидете бурни, зборувајте и претворете ги проблемите во решенија. Не ги закопувајте вашите идеи само затоа што другите не се подготвени за нив или затоа што се плашите да се истакнете.

“Ние во Apple бараме луѓе кои навистина сакаат да го променат светот и да се вложат себеси во тоа. Погледнете наоколу и ќе видите многу работи што ќе имаат корист од таа промена. Преземете чекори за да ги направите овие промени. И кога ќе одите на интервју за работа и ќе ве прашаат: „Кажете ни за проблемот кој го решивте“, вие ќе имате одличен одговор“, вели Кук.

Фото: Freepik