Oстар пад на цената на златото

256

Цената на златото падна на најниската вредност во последните две години, по период на интензивен раст. Експертите тврдат дека има две причини зад падот на цената на златото.

Цената на златото на светскиот пазар падна во првата половина на септември под нивото од 1.700 долари за унца, првпат од март-април 2020 година.

„Пазарот на злато реагираше на намерите на американската централна банка да воведе нови мерки во борбата против инфлацијата, изјави Карстен Менке, главен истражувач во компанијата Julius Baer, една од најстарите швајцарски банкарски институции.

Причината за тоа е што се очекува зголемување на каматните стапки поради мерките на американската централна банка, кои на инвеститорите им ветуваат поголема заработка за вложување пари од златото, кое носи помали приноси.

Цената на златото е вообичаено чувствителна на нивото на каматните стапки во САД, бидејќи нивниот пораст ги привлекува инвеститорите да даваат пари „на камата“ наместо да ги инвестираат во купување злато, според експертите. Вредноста на унца падна за дури 380 долари од март, кога го достигна својот врв, а централната банка на САД ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2018 година, пишува Ројтерс.

Друга причина е зајакнувањето на доларот на светскиот финансиски пазар, што го прави поскап за инвеститорите надвор од САД да купуваат злато, според експертите.

Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, неодамна изјави дека банкарите мора да бидат истрајни во борбата против раширената инфлација, а експертите ја гледаат и како причина за промена на цената на унцата.

-Растот на потрошувачките цени е главниот двигател на слабеењето на цената на златото – изјави Џовани Стауново, аналитичар на најголемата швајцарска банка UBS. Тој објаснува дека повисоките каматни стапки најверојатно ги оддалечуваат инвеститорите од пазарот на злато.