Остар пад на индустриското производство во Италија

25

Индустриското производство во Италија забележа остар пад во септемри по порастот во претходниот месец, покажуваат официјалните податоци.

Падот на индустриското производство во септември достигна 5,6%, додека во август имаше пораст од 7,4%.

Податоците покажуваат и пад на потрошувачката на капитални производи за над 7%, а значително намалување има и кај производи за широка потрошувачка за скоро 5%. Најмал пад е регистриран кај енергетскиот сектор и тоа за околу 2%.

На годишно ниво, индустриското производство во септември се намали за 5,1%.

Фото: Freepik