Остар пад на профитот на Samsung

72

Профитот на Samsung Electronics во третиот квартал се очекува да падне за дури 80 отсто во споредба со истиот период минатата година, бидејќи влијанието на глобалната ситуација на пазарот на чипови предизвикува хаос во бизнисот на јужнокорејскиот технолошки гигант.

Најголемиот светски производител на мемориски чипови, паметни телефони и телевизори во среда ќе ги објави прелиминарните резултати за заработката за третиот квартал. Оперативниот профит најверојатно ќе падне на 2,1 трилиони вони (1,56 милијарди долари) во кварталот јули-септември, според LSEG SmartEstimates.

Сепак, во септември минатата година оперативната добивка беше 10,85 трилиони вони, пишува Reuters.