Остар пад на Волстрит, на удар на банките

80

Индексите на Волстрит благо паднаа во вторникот, откако податоците за посилен од очекуваниот раст на продажбата во американската малопродажба ги оживеа стравувањата на инвеститорите од задржување на каматните стапки на високи нивоа на подолг временски период, а најмногу паднаа цените на акциите на големите банки.

Индексот Dow Jones падна во вторникот за 1,02 отсто, на 34.946 поени, додека S&P 500 потона за 1,16 отсто, на 4.437 поени, а Nasdaq за 1,14 отсто, на 13.631 поени.
Американското Министерство за трговија објави дека продажбата на мало во САД се зголемила за 0,7 отсто во јули, надминувајќи ги предвидувањата за раст од 0,4 отсто, што укажува на силен економски раст и покрај високите каматни стапки на ФЕД.

Учесниците на пазарот сè уште очекуваат дека ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки во септември, шансите за тоа се проценуваат на 88 отсто, но сега се загрижени дека каматните стапки би можеле да останат на сегашните високи нивоа подолго отколку што очекувале.

Најмногу настрадаа акциите на банките, бидејќи растат стравувањата дека каматните стапки нема да почнат да паѓаат на крајот на првиот квартал од следната година. Дополнително, кривата на принос на американските обврзници веќе една година е превртена, при што приносите на долгорочните обврзници покажуваат пониски приноси од краткорочните обврзници, а таквата тврдоглава ситуација врши притисок врз профитот на банките, кои поради тоа би можеле да заработат помалку.

„Веројатно ќе ја имаме оваа крива на принос подолг период отколку што мислевме, дури и да нема рецесија. Тоа ќе резултира со намалено кредитирање, бидејќи да бевте мој зет, јас не би ве позајмувал со загуба. “, вели Сем Стовол, од CFRA Research.

Извештајот дека рејтинг агенцијата „Фич“ може да го намали рејтингот на неколку големи американски банки предизвика и пад на цените на акциите на банкарските гиганти, како „ЈП Морган Чејс“, чии акции паднаа за 2,5 отсто и „Баната на Америка“ за 3,2 отсто. Цените на акциите на големите американски регионални банки паднаа уште повеќе и се движеа од 3,7 до 4,5 отсто.

На европските берзи вчера под продажен притисок беа и најважните индекси, при што лондонскиот Ftse индекс падна за 1,57 отсто, на 7.389 поени, франкфуртски DAX за 0,86 отсто, на 15.767 поени, а париски CAC за 1,1 отсто. 7.267 поени.