Осум милијарди дневно светот “плаќа“ за загадениот воздух

38

Загадувањето на воздухот, предизвикано од согорување на фосилни горива, ја чини светската економија осум милијарди долари дневно, покажува извештајот на Greenpeace, пренесува Bloomberg.

Ова е 3,3% од вредноста на бруто домашниот производ на глобално ниво или 2,9 илјади милијарди долари годишно. Кина, САД и Индија имаат најголеми трошоци за справување со “отровниот“ воздух. За тоа, Кина секоја година плаќа по 900, САД 600, а Индија 150 милијарди долари.

Земјите коишто се соочуваат со енормно загадување на воздухот регистрираат огромен број на луѓе кои имаа сериозни здравствени проблеми и покрај напорите на земјите да користат алтернативни извори на енергија.

“Секоја година, загадениот воздух од фосилните горива зема милиони човечки животи, го зголемува ризикот од мозочен удар, рак на бели дробови и астма и нè чини илјада милијарди долари“, вели Минво Сон, лидер на кампањата за чист воздух на Greenpeace за источна Азија.

Фото: Pexels