Осум стартапи од Македонија во финалето на StartUp Europe Awards

226

macedonia-637x450

Фото: StartUp Europe Awards

Mamaorgana и Sole Communication Network, учесници во Акцелераторската програма на ЦЕЕД Хаб Скопје, се два од вкупно осум македонски стартапи што ќе ја претставуваат земјата во финалето на StartUp Europe Awards 2017, во Брисел.

На натпреварот Get in the ring, што се одржа во октомври во Скопје, 12-члена жири комисија од различни земји одбра осум стартапи од Македонија:

ALHO е старт – ап што ќе ја претставува нашата земја во категорија е – здравство. Оваа компанија, чие седиште е во Македонија, планира производство на маска за телефон што ќе емитува топли и студени бранови за да им помогне на луѓето кои страдаат од Raynaud’s Syndrome (заболување што предизвикува вкочанетост и студенило на прстите поради ниски температури или стрес).

Omega Research – овој старт – ап ќе се натпреварува во таканаречената “зелена“ категорија. Инаку е прва компанија што на меѓународно ниво произведува нов вид на органска козметика под името eatable, што значи дека е направена од органски и состојки што може да се јадат: сурови овошје и зеленчук, сушени растенија без користење на било какви конзерванси. Оваа козметика не предизвикува негативни ефекти врз кожата на телото.

Take Away – е победник во категоријата гастрономија, а е посебен по производство и продажба на спакувана храна што е подготвена за јадење.

Macedonian Honey – македонски – старт што на Get in the ring беше победник во категоријата “клима“. Негова главна задача е создавање на нов начин на пчеларство и нивниот изум Elle Hive, чија главна цел е преживување на пчелите што произведуваат мед. Овој вид на пчели, како главни оплодувачи, се од суштинско значење за биодиверзитетот во природата.

Sole Communication Network – го понесе приматот во категоријата Internet of Things. Нивната SOLENET е таканаречена SaaS (software as service) платформа што овозможува создавање на сопствени апликации 10 пати побрзо и поекономично со комбинирање на податоци, што има за цел да го олесни водењето на бизнис.

Cultus – старт – ап што ќе ја претставува Македонија во категоријата Edtech. Овој центар за е – учење ќе прерасне во RSS агрегатор на вести, блог за уникатни статии. Преку филтрирање на содржините ќе овозможи најразлични ресурси за онлајн учење да бидат достапни од еден интернет линк.

Mamaorgana – ја понесе титулата победник во категоријата земјоделски технологии. Овој старт – ап се занимава со производство на органски ѓубрива за урбани градинари, истовремено грижејќи се за природата. Користат отпадоци од храна што ги збогатуваат со патентирана технологија. Нивниот иновативен производ е прв во регионот што овозможува одгледување органска градина на било кое место во било кое време.

Vision Dynamics – е победник во категоријата паметен град, благодарение на Terra Mapper. Тоа е систем што дава високопрецизни 3D мапи и модели од сцени снимени со дрон. Ваквите мапи се прилично скапи, но со Vision Dynamics тие на корисниците им нудат сцени во реално време, нудејќи им ги потребните придобивки.