Откако изгуби 4,7 милијарди долари, Credit Suisse ги отпушти двајцата најважни директори

82

Втората најголема швајцарска банка Credit Suisse  изгуби 4,7 милијарди долари минатиот месец, поради поврзаноста со хеџ фондот Archegos, чиј колапс го потресе Wall Street. Покрај финансиската загуба, познатата банка ја намали прогнозата за исплата на дивиденда за дури две третини, а двајцата најважни директори добија откази.

Директорите на одделите за инвестициско банкарство Брајан Чин и директорката за управување со ризици Лара Ворнер се отпуштени, а ниту еден член на управниот одбор нема да го добие вообичаениот бонус оваа година, соопшти банката.

Credit Suisse позајми пари на хеџ фондот Archegos на контроверзниот Бил Хванг. Кога Archegos започна избезумено да продава акции на Wall Street, неговите доверители останаа неплатени, а меѓу нив најголем беше Credit Suisse.

Вредноста на акциите на оваа банкарска групација падна за скоро 25% во текот на март, додека во првите денови од април тие забележаа знаци на мало закрепнување. Иако не се очекуваат понатамошни значителни падови на вредноста, прашање е кога тоа ќе се врати на нивото пред избувнувањето на аферата со Archegos.

Фото: Facebook