Отказ vs спогодбено раскинување на договор за вработување

4038

Договорот за вработување, според нашето законодавство, престанува да важи на неколку начини и тоа: со изминување на времето за коешто бил склучен; со смрт на работникот или работодавачот; поради престанување на работодавачот согласно закон; со спогодбено раскинување; со отказ; со судска пресуда и во други законски утврдени случаи.

Доколку работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок е еден месец, а ако работодавачот го откажува договорот за вработување на еден или на помал број работници, отказниот рок, исто така е еден месец.

Од друга страна пак, работниот однос може да престане поради раскинување на договор за вработување со спогодба. Договорот за вработување страните можат кога било да го раскинат со писмена спогодба којашто мора да содржи одредба за последиците, коишто настануваат за работникот поради договореното раскинување при остварувањето на правата врз основа на осигурување во случај на невработеност.

Фото: Pixabay