Откази за повеќе од 75.000 банкари ширум светот

34

Најавата на UniCredit групација за укинување на 8.000 работни места ја надмина бројката од 75.000 отпуштања, коишто банките ќе ги поделат во текот на следните неколку години. Од овој број, дури 83% се во Европа.

Овие бројки ја истакнуваат слабоста на европските банки кои работат во економии ориентирани кон извоз. Поради тоа, банките се наоѓаат во големи проблеми поради тековните меѓународни економски превирања, пренесува Bloomberg.

UniCredit најави дека со следниот круг отпуштања ќе покрие милијарда евра бруто трошоци.

Најголем број отпуштања најави Deutsche bank, којашто планира во наредните две години да отпушти 18.000 работници, со цел да закрепне од големите инвестиции.

Фото: Pexels