Отпис на камати од социјалните придонеси се поднесува до УЈП

14

884329F37BF2524ABC4045D8DC443DEF (1)Од Управата за јавни приходи информираат дека барање за отпис на камати од заостанатите обврски по основ за придонеси од задолжително социјално осигурување направени од 2009 до 2012 година може да поднесе секој обврзник кој е опфатен со концептот Бруто плата и ги има платено придонесите заклучно со 31 декември 2008 година. Барањето се поднесува до УЈП.

Подносителот на барањето има право на отпис на каматите за придонесите во износ од 100% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски и отпис во износ од 75% камата, ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

Педесет проценти отпис на камата ќе може да побара ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

Од веб страницата на УЈП може да се превземе барањето за отпис на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување и истото се поднесува до даночната канцеларија, според седиштето и живеалиштето на даночниот обврзни најдоцна до 31 декември 2013 година.

Во прилог кон барањето, обврзникот задолжително треба да достави и доказ од Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ) за платен придонес од задолжително пензиско осигурување заклучно со 31.12.2008 година.

Условите, начинот и постапката за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година, се уредени со новиот Закон за отпишување камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување.