Отплаќате неколку кредити и картички кои се товар за вашиот месечен буџет?

58

moznosti-1

Ви го предлагаме хипотекарниот кредит на Штедилница Можности!

Се работи за ненаменски кредит кој може да се искористи за какви било лични потреби.

Со овој кредит може да се ликвидираат сите ваши кредитни изложености и во иднина да плаќате само една рата, на едно место.

Кредитот е наменет за кредитоспособни физички лица во редовен работен однос во институции или компании прифатливи за штедилницата. Постои и можност за вклучување на уште еден кокредитобарател.

Износот на кредитот е до 50.000 евра, со рок на враќање до 180 месеци.

Годишната каматна стапка е од 7,500%.

Трошоци на кредитот се манипулативен трошок од 1,5%, меница од 500 денари и интеркаларна камата, зависно од денот кога се реализира кредитот.

Дополнителни трошоци за кредитот се:

  • трошоци за проценка на имотот кој се остава под хипотека;
  • нотарски трошоци за уредување на договорот за кредит во форма на нотарски акт, согласно нотарската тарифа;
  • трошоци за упис на заложното право врз недвижниот имот, согласно тарифата на катастарот и
  • годишен трошок за полиса за осигурување во осигурителна компанија по избор на корисникот.

Месечната провизија за управување со кредитот е од 0,015%.

Отплатата се врши во еднакви месечни рати.

Исплатата на средствата се врши 24 часа по комплетирањето на документацијата.

Кредитот се одобрува БЕЗ жиранти, а како обезбедување на кредитот потребно е да се заложи хипотека на недвижен имот. Се прифаќаат хипотеки од сите региони во РМ. Доколку кредитобарателот не е во можност да заложи хипотека, може да се заложи хипотека во сопственост на друго лице.

Штедилницата не наплаќа трошоци за аплицирање ниту какви било други трошоци поврзани со користењето на кредитот, покрај погоре наведените.

moznosti-2

Сите заинтересирани можат да аплицираат за кредит во сите експозитури на штедилницата, како и на веб-страницата www.moznosti.com.mk.