Отсега тагнување и на LinkedIn

32

linkedin-contact-listsПо примерот на Facebook и Twitter, социјалната мрежа LinkedIn одлучи да воведе опција “тагнување”. Означувањето на корисниците во постовите и коментарите е со цел да ги поттикне на повеќе комуникација и разговори.

Неодамна LinkedIn претстави повеќе новини, а меѓу нив е и можноста за поврзување односно линкување на личноста како и компанијата. Имено, оној кој ќе биде споменат во некој коментар или пост ќе добие известување (нотификација), слично како на Facebook и Twitter.

Од LinkedIn велат дека во директните контакти ќе може да се спомнуваат и други членови на мрежата кои учествуваат во дадениот разговор.