Отворање на NOKIA лабораторија за мобилни технологии на ФИНКИ

39

NokiaВо СМАРТ центарот на Факултетот за информатички науки и Компјутерско инженерство (ФИНКИ) денес свечено ќе биде отворена NOKIA лабораторијата за мобилни технологии.

На отварањето ќе присуствува Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Покрај Ивановски на прес-конференцијата ќе се обратат и деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов, како и Дариус Залевски од NOKIA и Вацлав Мач од Microsoft.

Лабораторијата е прва од ваков вид која NOKIA ја отвара на Балканот. Со неа на студентите и професорите на ФИНКИ ќе им биде овозможен пристап до најновите технологии на NOKIA и на Microsoft кои се едни од водечките компании во областа на мобилните и информациските технологии.

На настанот ќе бидат промовирани можностите кои се отвараат за студените на ФИНКИ за пристап до: Windows Phone екосистемот, developer.nokia.com порталот, Nokia Developer премиум програмата, Marketing in a Box програмата, AppCampus акцелератор програмата за развој на мобилни апликации финансирана од Nokia и Microsoft како и Nokia Ad Exchange програмата.

Ќе бидат презентирани и можностите кои ги нуди Microsoft како поддршка за локален развој на софтвер во регионот на Централна и Источна Европа, Истражувачко развојните активности на Microsoft и поддршката за Dev Center програмата како и презентација на алатките кои се достапни за факултетот како и за StartUp компаниите.