Oтворен ден за придобивките од обновливите извори на енергија во Дебар

20

Граѓаните во рамки на отворениот ден во Дебар ќе имаат можност да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку бесплатни инженерски совети и промотивни материјали.

Настанот е во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Центарот за развој на југозападниот плански регион, а е поддржан од општина Дебар.

Овој отворен ден е втор од низата отворени денови кои се одвиваат во текот на овој месец во рамки на ИРЕКо проектот.

По отворениот ден во Струга и овој во Дебар, во петок ќе се одржи отворен ден и во Охрид.

Настаните се дел од втората активност на проектот со цел промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.

Водечки партнер на проектот е Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ во партнерство со Центарот за развој на југозападниот плански регион од Македонија и Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност и Регионалниот совет на Корча од Албанија.