Еуромакс Ресорсис, канадската компанија за истражување и развој, отвори информативен центар за проектот за злато и бакар лоциран во селото Иловица, општина Босилово.
Новоотворениот центар ќе биде место каде што ќе можат да се добијат информации поврзани со сите аспекти на развојот на проектот и ќе работи секој работен ден од 10 до 17 часот.
Пред потпишувањето на договорот за концесија меѓу Еуромакс Ресоурсис и Владата, за проектот Иловицаза беа изработени концептуална студија и првична студија за влијанието врз животната средина кои добија одобрување од релевантните институции, вклучувајќи го и Министерството за животната средина.
Резултатите од Прелиминарната економска анализа потврдија дека може да се експлоатираат 143 милиони тони руда со просечна содржина од 0,42 грам/тон злато и 0,23% бакар. Производството се проценува на 12 милиони тони руда годишно, од што ќе се добијат околу 4,2 тони злато и 24 илјади тони бакар годишно.