Отворен комплексот Алка

128

Скопје, вчера доби уште едно ново место за уживање надвор од градската средина. Со свеченост, коктел и огномет, во присуство на многу познати личности и амбасадори во Македонија блесна новиот комплекс Алка, стои во соопштението.

Комплексот Алка се наоѓа на само 12 километри од центарот на Скопје, под падините на Водно, во мирното и чисто Сопиште. Се простира на 2.700 метри квадратни и нуди многу содржини: базен со морска вода, детски базен со игротека, вип бар, ресторан, коктел бар и бар на базен.

Алка е инвестиција на Бобан Ангеловски, угостител и бизнисмен, повратник од Холандија, кој зад себе ги има успешните приказни на ресторанот Гурмет и ланецот ресторани за пица Доминос.

“Идејата беше да направиме концепт во којшто ќе се пронајдат многу луѓе кои сакаат место каде можат да уживаат во убав амбиент со своето семејство, со и без деца, со своите деловни партнери и пријатели и притоа да се чувствуваат навистина комотно во секоја прилика. Воедно, сакавме да понудиме и квалитетна опција на викенд место надвор од градот“, вели БобанАнгеловски, сопственик на Алка комплекс.

Комплексот ќе нуди уживање за целото семејство. Затоа што содржи два засебни дела, еден за родителите и еден за децата. Родителите може да се релаксираат додека нивните деца ги чува и анимира посебено задолжен персонал.

Во иднина, планирано е за посетителите на комплексот да има организиран превоз, доколку не се во можност да дојдат со сопствено возило.