Отворен Парк Хотел и Спа во Скопје

3

FOTO_PARK Hotel & Spa

Сместен во срцето на Скопје, новиот Парк Хотел и Спа од денеска ги отвора вратите за сите со префинет вкус и желба за уникатни искуства. Парк хотелот е единствен луксузен хотел во земјава што е уреден со внимателни уникатни дизајнерски решенија, коишто се посебно осмислени за секој квадрат од хотелот.

Парк Хотел и Спа Скопје е најновата инвестиција на домашната компанија Гемак трејд, којашто годинава одбележува 25 години од своето основање и успешно работење во Македонија и регионот. Вкупната инвестиција во изградба на хотелот и хотелскиот комплекс изнесува околу 15 милиони евра.

Локацијата на Парк Хотел и Спа е дополнителен адут. Сместен е во градскиот парк во Скопје, до брегот на реката Вардар, со што на посетителите им овозможува да бидат опкружени во природна средина, а сепак да се блиску до центарот на градот. Оваа локација има и посебна симболика за сопственикот на Гемак, Енвер Малиќи.

“Кога имав само осум години моите постари браќа ме фрлија во Вардар иако не знаев да пливам. Успеав да се извлечам и научив една животна лекција која подоцна ме следеше во животот и го одреди мојот пат. Со силна волја и решителност секој може да се снајде и во најтешки ситуации и да го најде излезот. Оваа девиза ја применувам во моето работење и е дел од успехот на мојата компанија, која еве сега прославува 25 години. Токму затоа хотелот е еден симбол на успехот и новата додадена вредност на Гемак“, вели Малиќи.

Новиот Парк Хотел и Спа Скопје располага со 80 луксузно уредени соби, коишто се опремени со уникатни содржини. Неговиот урбан и уметнички ентериер кои зрачи со автентичен дух и нуди неповторлив амбиент за дружење и престој.

“Уникатноста и смелоста е наша препознатливост и тоа е нешто што веднаш ќе го забележите во хотелот. Горди сме на Парк Хотел и Спа бидејќи преку него воспоставуваме нови повисоки стандарди во хотелиерството, што ќе поттикнат развој во овој сегмент во Македонија. Токму затоа одлучивме да градиме сопствен хотелски бренд наместо да одиме по полесниот пат и да работиме под името на некој од светските хотелски брендови“, истакна Алтин Малиќи, сопственик на Парк Хотел и Спа.

Покрај врвниот луксузен амбиент, за гостите на Парк Хотел и Спа ќе се грижи искусна екипа предводена од директорот на хотелот Џордано Бори, кој има огромно хотелиерско искуство во супер луксузни хотели во светот.

“Меѓународното искуство во спој со уникатен простор како што е Парк Хотел и Спа Скопје ќе резултира со врвна услуга, неповторливо чувство и најдобра храна. Накратко, уживање за сите сетила за сите кои сакаат посебен третман. Сето мое досегашно искуство од работењето во бизнисот на луксузни хотели во светот овде ќе добие автентичен дух за кој ќе се зборува“, истакна Бори.

Хотелот освен својот уникатен луксузен изглед и можностите што ги нуди за сите гости, располага и со најмодерен спа центар и фитнес сала. Токму фитнес центарот којшто во моментот е најголем и располага со најнова опрема, заедно со спа центарот и барот се содржини што ќе го направат Парк Хотел и Спа посакувано место и за луѓето од Скопје. Со фитнес центарот ќе раководи познатиот македонски репрезентативец и шампион во триатлон Стојан Попов, кој ќе биде инструктор на сите љубители на здравиот живот.

За врвната храна за сите сетила, ќе се погрижи еден од најдобрите светски готвачи, мастер шефот Константин Катафај, кој поминал повеќе светски школи за готвење, меѓу кои и познатата Лондонска школа за кулинарство.